ЦУК: Двајца загинаа откако излетале со возило во провалија на Галичица
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/09/galicica.jpg)
Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица.
Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.
Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст.
Екипа на МВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.