Црвената полумесечина објави фотографија од бебе родено во 2024 година во Газа


 

Палестинската Црвена полумесечина објави фотографија од бебе кое е родено во 2024 година во северниот дел на Појасот Газа.
Бебето е родено во медицински центар во Џабалија, соопштија на платформата Х од Црвената полумесечина.

„Процесот на раѓање беше успешен, користејќи минимални достапни ресурси. И мајката и детето се во добра здравствена состојба“, се вели во објавата.

Во ноември, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека жените и новороденчињата го носат најголемиот товар од израелската војна во Газа.
Недостигот на гориво како резултат на израелските напади ги загрози животите на предвремено родените бебиња кои се потпираат на услуги за неонатална и интензивна нега.