Црвен тепих за студентите од цела Србија во Белград – доаѓаат за утрешниот масовен протест

Илјадници граѓани во Белград ги пречекаа студентите, маратонците, велосипедистите - им врачија медали и им послаа црвен тепих


Студентите на повеќето белградски факултети се собраа во центарот на Белград на Теразија, каде приредија спектакуларен пречек за студентите велосипедисти и пешаци кои веќе неколку дена пешачат и возат кон главниот град за да учествуваат на утрешниот голем протест.

Белграѓани ги дочекаа со скандирање, со вувузели и тапани, но и со насмевки, солзи и прегратки пред масовниот протест закажан за 15 март.

Мнозинството од граѓаните кои се собраа на Теразије за да ги пречекаат студентите, на прашањето на репортерката N1, одговорија дека се таму, за да ја „дочекаат слободата“.

Светските медиуми, како Ројтерс, Тајмс и Сандеј Тајмс, на своите канали на Јутјуб во живо го пренесуваат пречекот на велосипедистите, маратонците и студентите кои пешачеа од цела Србија до Белград за да учествуваат на утрешниот протест.

Некои велосипедисти паркирани на плоштадот „Република“, каде што се организираше огномет, ги кренаа велосипедите и извикуваа „Пумпај“.

Блокирани за сообраќај се централните белградски улици околу Теразија и од Теразија до Славија.

 

Поради дојава за бомби во возовите запрен железничкиот сообраќај во Србија

 

Протестот во Белград почнува во сабота во 16 часот пред Собранието