Црна Гора воведе прогресивен данок за фирмите
Црногорската влада утврди измени на Законот за данок на добивка со кој се предлага премин од пропорционално во прогресивно оданочување, со што би се зголемиле буџетските приходи за приближно 25 милиони евра.
„Со овие измени се предлага премин од пропорционално (даночна стапка од девет проценти без разлика на висината на оданочливата добивка) кон прогресивно оданочување на приходите на претпријатијата во зависност од висината на оданочената добивка, по стапки од 9, 12 и 15 проценти“, истакнаа од црногорската влада.