Ципрас: без договорот од Преспа ќе имавме Либија на северната граница
Ако не постеше Договорот од Преспа, сега на нашата северна граница ќе ја имавме ситуацијата што ја имаме југозападно од нас, ќе имавме Либија на нашата северна граница. Таму, ќе имавме постојано присуство на Турција, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката регионална телевизија „Стар“.
Поранешниот грчки премиер истакнува дека како одминува времето, дури и оние што беа критични кон договорот ги сфаќаат придобивките што ги има за Грција.
-Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно, истакнува Ципрас.
Вели дека со договорот постигнато е искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но е прекината и „ неприфатливата и смешна стратегија за присвојување на грчкото културно наследство“.
Ципрас, паралелно се прашува каде исчезнаа сите оние кои тогаш протестираа против договорот.
-Што има денес да им каже господинот Мицотакис на сите оние со кои беше рака под рака и ги мобилизираше, велејќи им дека е предавнички договор, кога сега се придржува и го почитува договорот?, прашува лидерот на СИРИЗА.
Додава дека во одреден момент, актуелниот грчки премиер „ќе се соочи со неговите одлуки и ќе мора да излезе пред грчкиот народ и да ја објасни позицијата“, но и дека во 2018 година „со демагошки и популистички став за клучна националното прашање“ целта му беше да стане премиер.
Во интервјуто, говорејќи за договорот со нашата земја, упатува критики до Владата за трите меморандуми кои сè уште не се ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент и вели дека тоа, на Мицотакис, „не му носи никаква корист“.