Чупеска не гледа логика да се поднесуваат оставки без да се утврди одговорност
Таа додава дека изостанува најкритичниот чекор — утврдување одговорност за изборниот резултат.
„Во конкретниот случај, каде што се поднесуваат колективни оставки, останува една клучна ‘непозната’ која може da ja поткопа нивната политичка тежина: тоа е , имено, отсуството на претходно утврдување на одговорностa!“
Според неа, утврдувањето пак на одговорност не може да се оствари ако има недостаток на дискусија за изборниот процес и резултатите.
– Ако има неподнесување на извештај кој детално ги анализира причините за постигнатиот резултат. Ако се изоставувi jавна дебата за проблематичните одлуки во изборниот процес, како и други клучни прашања кои влијаеле врз исходот, подвлече таа.
Таа предупредува дека без овие елементи, оставките може да бидат сфатени како формална, а не суштинска одлука.
„Во отсуство на овие елементи, колективната оставка ризикува да биде толкувана како формален потег кој го избегнува суштинското соочување со причините за неуспехот.“
Чупеска заклучува дека ваквите чекори можат да создадат повеќе сомнежи отколку доверба:
„Со тоа, целта на ваквите оставки не е целосно постигната… тие создаваат вакуум на нејасност и сомнеж во јавноста за вистинските мотиви и причини.“