Член на кабинетот на Дехари загинал во автобусот со вереницата


 Газменд Укали (27)  од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.

Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.

Укали беше член и на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година.

Најмлади жртви во несреќата се четиригодишни близнаци Луан и Албан Ахмети кои биле заедно со родителите кои исто така ги загубија животите.  Загинаа и шест ученици во основното училиште „Исмаил Џемаили“ во Скопје кои биле на пат исто така со родителите.