Четвртина од вработените во Германија работат од дома


На крајот на минатиот месец речиси четвртина од сите вработени во Германија работеле од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од фондацијата „Ханс Беклер“.

Овој податок значи дека бројот на луѓето кои работат онлајн е значително зголемен, што гермаманската Влада и го очекуваше како дел од напорите да се намали бројот на нови инфекции со коронавирус во текот на зимата.

Во јануари 2021 година, владата во Берлин побара од компаниите да им овозможат на вработените да работат од дома секаде каде што тоа е можно, пренесуваат германските медиуми.

Во ноември само 14 проценти од вработените работеле на далечина или целосно од дома, а во декември тој процент се зголемил на 17 проценти.

Во април минатата година, во пикот од првиот целосен „локдаун“ на земјата, 27 проценти од вработените во Германија работеа од дома.