Четири мотоцикли изгореле на паркинг простор пред магацин во Прилеп
Четири мотоцикли изгореле на паркинг простор пред магацин во Прилеп.
– На 19.03.2026 во 21 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице, информираа од полицијата.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Увид е извршен од екипа на ОВР Прилеп.