Четири лица, меѓу кои и дете, загинаа во напад со дронови врз Новоросијск


Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во украински напад со дронови врз Новоросијск, соопшти денеска гувернерот на Краснодарската област, Венијамин Кондратјев.

„Минатата ноќ нашите трупи одбија масовен напад од непријателски дронови во регионот. Главниот удар беше врз Новоросијск. За жал, четири лица загинаа, вклучувајќи и едно дете“, се наведува во соопштението.

Во нападот се повредени уште 29 луѓе, додека тројца од повредените се наоѓаат во тешка состојба, додаде Кондратјев.

Оштетени се станбени згради, како и објекти на православен храм и градинка, додека информациите за размерот на штетата се утврдуваат.

Оперативниот штаб на Краснодарската област претходно соопшти дека делови од соборените беспилотни леталата паднале во близина на приватна куќа и на територијата на едно претпријатие, по што избил пожар.

Истрагата за последиците од нападот е во тек.