Четири амбасади на Македонија ќе го слават празникот заеднички со бугарските


 Во рамките на активностите за одбележување на празникот 24-Мај Денот на Светите браќа  Кирил и Методиј, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се договорија со заеднички настани амбасадите на двете држави во Белград, Прага, Варшава и Киев, да го одбележат и чествуваат овој значаен празник за заедничката историја и за културата на сите словенски народи.