Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати


До 07:30 часот, утрово, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центар за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација); во општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат); во Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и смреки) и во Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).

Пожари под контрола: во Општина Делчево: депонија (ѓубре); во општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково (мешана шума) и во Општина Пласница: с. Дворци (депонија).