Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев


 

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот, како и продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија.

-Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните, се вели во честитката на Анѓушев, кој истакнува дека Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004 година.

Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.