Чепреганов: Кој дозволил регистрација на Клубот „Ванчо Михајлов“?
-Не можете да бегате од историските факти, тоа што било се случило, Бугарија била не само фашистичка, туку и нациофашистичка држава. Зошто Кирил Петков и неговата политичка свита вчера не отидоа да се извинат и да се поклонат на споменикот на 3.000 Евреи кои што беа депортирани од Битола, а дојдоа да се поклонат на отворање на културен клуб кој носи име Ванчо Михајлов, вели тој.
Реакција имаше и од ВМРО-ДПМНЕ кои побараа отворање на наши клубови во Бугарија како реципроцитет. Според Драган Ковачки, бугарскиот премиер Кирил Петков завчера испуштил шанса да им се извини на сите жртви на бугарскиот фашистички окупатор.
-Премиерот Петков, доколку сака да биде со европски вредности и сака да нуди добрососедски односи, еве му предлагаме да отвори македонски културни центри во Сандански, Благоевград, Софија или во други градови. Зачудува и изјавата на претседателот на Република Македонија којшто ете во негов стил, ќе ве потсетам на изјавата кога се менуваше името кога кажуваше дека името немало шанси да се промени, па после тоа гласаше за промена на тоа име. Понатаму, истиот тој претседател гласаше за промена на Уставот во ова Собрание. Истиот тој претседател гласаше за Договорот со Бугарија. Неговите изјави мислиме дека се, во најмала рака, неконзистентни, изјави Ковачки на прес-конференција.