ChatGPT го забележа првиот пад на бројот на корисници во јуни


По екстремниот пораст на популарноста минатата година и на почетокот на оваа година, се чини дека четботот за вештачка интелигенција на OpenAI ChatGPT почнува да го губи својот моментум.

Податоците од аналитичката компанија Similarweb покажуваат дека во јуни сообраќајот на мобилните и десктоп компјутерите на страницата ChatGPT е намален за 9,7 отсто ширум светот. Ако овие податоци се точни, тогаш за прв пат се забележува пад на четботот, односно тој да дочека намалување на бројот на корисници. Во јуни, следењето на апликации Sensor Tower, исто така, забележа пад на преземањата на ChatGPT за iOS, откако го достигна својот врв претходно истиот месец. Од OpenAI сè уште не се огласиле.

Падот на интересот за ChatGPT може да биде дел од трендот на индустријата. Бројките на Similarweb покажуваат дека помалку луѓе ги посетиле десктоп и мобилните страници за Microsoft Bing, Google Bard и Character AI во последните месеци. На пример, Microsoft забележа зголемување на сообраќајот на својот пребарувач помеѓу февруари и март кога Bing AI стана достапен, но оттогаш месечниот сообраќај постепено се намалува и се врати речиси на нивото на кое беше пред Microsoft да го „опреми“ Bing со моделот GPT -4.

Similarweb, исто така, забележа пад на ангажираноста на ChatGPT, при што бројот на кориснички минути падна за 8,5 проценти во мај 2023 година.

Причината за падот може да биде крајот на учебната година и празниците, бидејќи многу помлади возрасни лица не користат ChatGPT за пишување на своите трудови. Друга причина може да биде тоа што компаниите како Самсунг им забрануваат на вработените да користат чет-ботови со вештачка интелигенција поради вистински страв од потенцијално „протекување“ на податоци.

Без разлика на причината за падот, OpenAI дефинитивно не паничи, напротив, компанијата е можеби задоволна што помалку луѓе ја користат јавно достапната верзија на ChatGPT, која многу ја чини компанијата.