Централната банка на Кина ги прогласи за нелегални трансакциите со криптовалути


Централната банка на Кина ги прогласи за нелегални сите трансакции направени со биткоин и други виртуелни валути.

На кинеските банки им беше забрането да работат со крипто -валути во 2013 година, но властите издадоа потсетување оваа година.

АП наведува дека со ова се изразува загриженост дека се уште може да е актуелно „рударењето“ и тргувањето со криптовалути, како и дека тоа е индиректна изложеност на финансискиот систем на ризик.

Денешното соопштение посочува дека биткоинот, етериумот и другите дигитални валути ја попречуваат работата на финансискиот систем и се користат за перење пари и други прекршоци.

Националната банка на Кина работи на развој на електронска валута, јуанот, за трансакции без готовина што можат да ги следи и контролира Пекинг.

Берзите на криптовалути веднаш реагираа на соопштението на Народната банка на Кина дека сите активности поврзани со криптовалутите се нелегални. 

Според податоците на Coin Metrics, цената на биткоинот падна за 8 отсто на 41.241 долариа, етериумот, втората по големина дигитална валута, падна за 11 отсто на 2.808 долари.