Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори
Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.
Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од 8 до 16 часот, а во понеделник на 13 септември, вторник 14 септември и среда 15 септември од 8 до 20 часот.
Заинтересираните дополнителни информации може да добијат во соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или на e-mail преку контакт формата на Централен регистар.