Центар за култура Иван Михаилов: Тито никогаш не бил наш


Тито никогаш не бил наш, наши биле бугарските трупи кои ги оставиле младите коски на Црна, Кајмакчалан, Пелистер, Криволак.

Ова е наведено во позицијата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола по повод, како што тврдат, неодамнешната посета на внукот на Тито во „античкиот бугарски град Охрид“.  Според нив, целта на оваа посета, за која никој не слушна во Македонија, била да се загреат старите митови за тоа колку бил добар животот во Титова Југославија.

„ Мит за таа Титова Југославија, во која дури и камењата ја жалеа својата судбина. Додека нас учениците нè принудуваа како папагали да повторуваме дека Тито е наш, нашите татковци, роднини и дедовци починаа во затворите на Тито: „Идризово“, „Сремска Митровица“, „Голи Оток“ итн. бидејќи не се откажаа од бугарската припадност “, велат од Центарот за култура Иван Михаилов. 

Божемниот Културен центар  испратил писмо и до бугарскиот крал и поранешен премиер Симеон Саксобурготски-Гота. Во него се вели:

„За нас, Бугарите од Македонија, како и за нашата Бугарска православна црква, вие сте продолжение на Царството Бугарија уште од неговото создавање. Царска Бугарија водеше три војни за слободата на своите поробени бугарски браќа – за слобода на Македонија. И трите војни за Мајка Бугарија беа, за разлика од другите учесници (сојузници), слободољубиви, неосвојувачки и неимперијалистички …“