Цените на златото достигнаа нов рекорд од 4.230 долари за унца


Цените на златото се искачија на нов рекорден максимум од 4.230 долари за унца, првенствено затоа што трговците бараат побезбедни средства, како и поради најавите за понатамошно намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави, објави „Трејдинг економикс“.

Неодамнешните изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, кои ги истакнаа знаците на слабеење на пазарот на трудот, ги охрабрија инвеститорите со речиси целосна сигурност да размислат за намалување на каматната стапка од 25 процентни поени на претстојниот состанок, а веројатно е дека уште едно во ист износ ќе се случи во декември.

Ваквите перспективи влијаеја и на доларот, правејќи го златото попривлечно за купувачите.