Цените на нафтата се вратија на нивото под 100 долари за барел, доцна вечерва падна на 91 долар
Цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец.
Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу четири отсто и се движи околу 95 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
Падот доаѓа во време кога земјите од Г7 се подготвуваат да се состанат за да разговараат за ослободување на стратешки резерви во услови на ескалација на војната во Западна Азија. Доцна вечерва по македонско време земјите од Г-7 се договрија да ослободат 400 милиони барели од нивните резерви, што ја спупти цената на 91,16 долари. „Спот продажбата“ на нафта од страна на „Арамко“ исто така придонесува за ублажување на притисокот врз глобалните цени на нафтата. Земјите од Г7, вклучувајќи ги Јапонија и САД, поседуваат стратешки резерви на нафта од над 700 милиони барели, додека земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика заедно поседуваат 1,24 милијарди барели
Со значително ограничениот сообраќај на танкери, неколку клучни производители, како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, почнаа да го ограничуваат производството, бидејќи складиштата брзо се полнат. Прекинот во снабдувањето ги зголеми загриженостите за светскиот недостиг на енергија и растечка инфлација.
Сепак, цените подоцна се смирија откако министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји рекоа дека Г7 по потреба ќе ослободи нафта од стратешките резерви.
Минатата недела, суровата нафта скокна за околу 35 отсто, што е најголем неделен пораст во тргувањето од почетокот на евиденцијата во 1983 година. Последен пат цените се искачија над 100 долари за барел по почетокот на војната во Украина во 2022 година.