Цената на челикот највисока во последните пет месеци


Цената на челикот денеска на берзата во Шангај изнесуваше повеќе од 3.825 кинески јуани за тон, што е највисока во последните пет месеци, јавија агенциите.

Новите податоци од август поврзани со кинеското индустриско производство, трговијата на мало или новото кредитирање во јуани беа подобри од очекувањата на пазарите, а според Ројтерс, кинеската економија „покажува знаци на стабилизација“, поттикнувајќи го економскиот оптимизам.

Кина е најголемиот светски потрошувач на челик, а неодамна се соочи со проблеми на пазарот на недвижности.

ЈП Морган вели дека побарувачката за челик во Кина ќе остане силна и покрај падот на довербата во изградбата на станови и верува дека изградбата на инфраструктура во Кина ќе го надомести овој недостаток.