Цената на бензините останува иста


Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена. Единствено се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот е зголемува за 0,355 ден/кг и таа од полноќ ќе изнесува 25,666ден/кг.

– Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 1,89 проценти, на дизелот за 0,718 проценти,на екстра лесното масло за 0,349 проценти, додека кај мазутот има зголемување за 0,858 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,009 проценти. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 0,28 проценти, појаснува Регулаторната комисија за енергетика