Царовска го искара Жика Стојановски за брзите тестови во училиштата


Откако Општина Илинден, вчера соопшти дека набавила брзи ковид-тестови за сите училишта на нејзина територија, министерката за образование мила Царовска, денеска порача дека таква препорака од здравствените власти нема, па нема потреба да се спроведуваат такви дополнителни мерки.

– Не станува збор за желби и можности. Станува збор за препораки од здравствени власти. Ако Комисијата за заразни болсети утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да го почитуваат истиот. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нешто нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта. Но, во моментот препораките остануваат да се почитуваат онакви какви што се дадени, а тоа е дезинфекција, мерење на температура и луфтирање или вентилирање на просториите – рече министерката Царовска, по посетата на средно стручно училиште во Крива Паланка.

Инаку, вчера Општина Илинден подели 1.000 брзи тестови во четирите училишта на нејзина територарија, а од училиштата објаснија дека тестовите ќе им бидат понудени на родителите доколку некое дете покаже повишена телесна температура при доаѓање.(Б.Б.)

Купува ли Жика Стојановски гласови со брзи ковид тестови?