Бурни аплаузи за Билјана Пројковска во софискиот театар „Иван Вазов“
Во средата, на 22.02.2023 година, на сцената на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.
Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов.
Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена, пренесува медиумот „Рацин“.
Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ “Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев.
Претходните денови од Пројковска непотребно стана случај. Директорот на софискиот Народен театар „Иван Вазов“, Васил Василев, изрече апсурдна забрана македонската актерка Билјана Пројковска да не настапи во претставата „Животот е убав“ поради затегнатите политички односи меѓу Македонија и Бугарија, освен ако Пројковска има бугарски пасош. Забранета под притисок на јавноста, особено на режисерот Морфов, беше укината.