Бујар Османи повторно го посети Киев – прва дестинација како претседавач со ОБСЕ
Посебен фокус на посетата на шефот на македонската дипломатија ќе биде ситуацијата со луѓето на терен

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач на ОБСЕ од денеска е во посета на Киев, главниот град на Украина. Шефот на македонската дипломатија информира дека посебен фокус на посетата ќе биде ситуацијата со луѓето на терен.
„Тукушто пристигнавме во Киев, прва работна посета во рамки на Претседавањето со ОБСЕ. Ќе одиме на терен да ги посетиме областите погодени од воените дејствија и директно да се сретнеме со луѓето на терен. Ќе оствариме и бројни средби со високите државните претставници на Украина“, објави министерот.
Киев е првата дестинација што ќе ја посети Османи како претседавач со ОБСЕ. Еднаш веќе го посети главниот град на Украина од почетокот на руската инвазија.