Бугарски историчар: Политиката на Пендаровски е како на Путин
„Последната акција во Битола беше добро организирана. Се чини дека е однапред промислено, но кога имаме контролирана состојба е нормално да провоцираат на вакви настани“, додаде Ташев за плакатите кои беа изложени во Битола
Тој додаде дека политиката на Стево Пендаровски е блиска до онаа на Владимир Путин.
„Ова ги покажува овие топли врски меѓу Москва и Скопје“, рече Ташев.
Според него, без Скопје да се реформира во европски правец, како што вели, сличен скандал како оној во Битола сериозно би одекнал во Европската Унија.
„Tреба итно да запре студената војна со Северна Македонија, итно и безусловно, затоа што Софија се позиционира како некаков европски хулиган сличен на Путин. Единствениот резултат од тоа однесување е што веќе немаме ниеден пријател во ЕУ, а и на Балканот. Не нѐ сакаат Македонците, повеќе не замразија отколку да ни се приближат, а не замразија и Албанците кои се некаква колатерална жртва на таа глупост. Не не сакаат ни во Виена, ни во Париз, а веќе ни во Берлин, затоа што ја презедовме улогата на силувач во меѓународните односи (…) Неспорно, Македонците по потекло се чисти Бугари, но какво значење има тоа, кога се чувствуваат поинаку и сакаат сопствена држава во ЕУ. Кои луѓе живееле во некогашниот Киевски Рус? Руси или Украинци? Нема никакво значење. Денес Украинците херојски војуваат против своите браќа по крв – Русите, и не сакаат со нив да живеат во иста држава. Истото е и со Македонците. Тие сакаат да се посебна држава, имаат свој јазик и не сакаат да нѐ сакаат. Затоа Бугарија треба да престане со сите обиди на квартовски хулиган, ако не сака да се најде во истата изолација во каква што е денес Путин“, коментираше главниот уредник на „24 часа“.