Бугаринот го намамил Игор Николовски со секс, па го убил за пари
Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден кога договориле сексуален контакт и за таа цел отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“. По пристигнувањето, Михаил се повлекол од ветувањето, Игор се налутил и го повлекол, па во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.
Михаил има криминално досие, против него се водат и други предистражни постапки – за разбојништво и кражба. Не е познато дали посетува училиште и е од семејство со низок социјален статус.
Михаил претходно истепал со дрвен кол и украински државјанин и му го одзел златниот накит.
Обвинителот Иван Кирков објасни дека уапсениот е обвинет по чл. 115. Меѓутоа, поради неговата возраст, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Доколку обвинението се преквалификува во убиство од корист, казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.
Македонскиот државјанин, според информациите, пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен, тука во летната сезона, а во зима – во Банско.