Бугарија им забрани на Македонците да го одбележат Кресненското востание
Чествувањето на Кресненското востание на македонските организации од Пиринска Македонија за бугарските власти е противуставно и насочено кон загрозување на територијалниот интегритет на Бугарија.
Македонските организации од Пиринска Македонија секоја година организираат посета на спомениците на Димитар Беровски во Кресна и на загинатите од Кресннеското востание во Стара Кресна.
И покрај ваквиот одговор од општината Ангел Радонов, претседателот на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград вели дека тие и годинава ќе положат свежо цвеќе на спомениците. „Нема кој да нè сопре. Еве гледате каква е демократијата во Бугарија и во Евроспката Унија“, изјави за МКД.мк Радонов.
Македонското Кресненско востание во бугарската историографија е познато како Кресненско-разлошко востание. Ова востание на македонскиот народ против отоманската власт е кренато 17 октомври 1878 година во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Димитар Поп Георгиев Беровски беше водач и на Разловечкото и на Кресненското востание.