Брзите тестови за корона вирусот не се веродостојни, но не се ни ѓубре


ВАШИНГТОН – Тестовите преку крвта за коронавирусот може да одиграат клучна улога за одлуката дали милиони Американци можат безбедно да се вратат на работа и на училиште. Но, службениците за јавно здравје предупредуваат дека сегашниот „Див Запад“ на нерегулирани тестови создава забуна што на крајот може да го забави патот за закрепнување.

Повеќе од 70 компании регистрираа т.н. тестови за антитела во последните неколку недели. Владите ширум светот се надеваат дека брзите тестови, кои вообичаено користат прст од крв на пробна лента, наскоро би можеле да ги олеснат социјалните ограничувања со идентификување на луѓе кои претходно имале вирус и развиле некаков имунитет кон истиот.Но, останува клучното прашање: Колку се точни тестовите?

Тестовите на крвта се различни од тестовите со примероци од носот, кои се користат за дијагностицирање на активни инфекции COVID-19. Овие тестови бараат антитела во крвта, кои телото ги произведува денови или недели по борба против инфекција. Истиот пристап се користи за ХИВ, хепатит, Лајмска болест, лупус и многу други заболувања.

Поради релативната едноставност на технологијата, Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одлучи да се откаже од првичното испитување на тестовите, заради итноста околу коронавирусот.Овие тестови се најкорисни за истражувачите кои проучуваат како се шири вирусот низ американската популација. Владата во петокот соопшти дека на ваков начин започнала со тестирање на 10.000 волонтери.

„Без речиси никаков надзор на ФДА над тестовите, добивме див запад“, рече Ерик Бланк од Здружението за јавно здравство. „Навистина, создаден е неред што ќе потрае некое време додека се расчисти.„Во меѓувреме, имате многу компании што рекламираат тестови а никој не знае колку се добри“, рече тој.

Групата на Бланк ја повикаа ФДА да го разгледа својот лабав пристап кон тестовите. Овој пристап во основа им дозволува на компаниите да почнат да ги продаваат овие тестови само известувајќи ја ФДА и одрекувајќи одговорност. Компаниите треба да изјават дека нивните тестови не се одобрени од ФДА и не можат да исклучат дали некој е моментално заразен, а тестот вели не.

Минатата недела, комесарот на ФДА, Стивен Хан,  рече дека агенцијата „ќе преземе соодветни активности“ против компаниите што даваат лажни изјави или продаваат неточни тестови.Тој изрази „загриженост“ дека тестовите што се продаваат „може да не се точни колку што би сакале ние да бидат“.

„Она што не го сакаме се неточни тестови“, рече тој. „Ќе биде многу полошо да има неточни тестови отколку да нема тестови“.

Д-р Алисон Ракман од лабораторијата за јавно здравје на Њујорк вели дека некои локални болници ги преземаат тестовите, кои се наведени на веб-страницата на ФДА „биле проверени или не“.Опасноста од погрешно тестирање, вели Ракман, е дека луѓето погрешно ќе заклучат дека се имуни или дека повеќе не можат да го прошират  вирусот.

„Тогаш некој оди дома и ја бакнува својата 90-годишната баба“, рече Ракман. „Не сакате да му дадете некому лажно чувство на сигурност“.

За многу инфекции, нивото на антитела над одреден праг укажува на тоа дека имунолошкиот систем на лицето успешно се спротивставил на вирусот и веројатно е заштитен од повторна инфекција. За COVID-19 сè уште не е јасно кое ниво на антитела ги прави пациентите имуни или колку долго може да трае имунитетот.Уште поголема забуна создава тоа што и легитимните компании и измамничките оператори ги продаваат комплетите со тестови. Правењето разлика меѓу нив може да биде предизвик.

Официјални лица во Тексас објавија овој месец дека околу 2.500 тестови за антитела биле фалични. Градските власти ги нарачале бидејќи им било кажано дека се работи за тестови одобрени од ФДА.  Но, кога ја провериле точноста на тестот, тој паднал далеку под ветуваниот опсег.

Примери за американски компании кои ги избегнуваат правилата утврдени од ФДА има на интернет и во мејловите испратени до болници.

Промотивните е-пораки испратени до болниците не ги вклучуваат потребните оградувања за точноста на тестовите. Некои комплети што се продаваат на веб-страниците се промовираат како „одобрени од ФДА“ за домашно тестирање.А, агенцијата сè уште нема одобрено ниту еден тест за домашни употреба за  COVID-19.

„Ако ги видете на интернет, не ги купувајте, сè додека не можеме да ви дадеме тест што е сигурен за сите Американци“, рече д-р Дебора Беркс, координатор на работната група за коронавирус во Белата куќа.

„BioResponse„ е една од десетиците американски компании кои ги продаваат тестовите во болници, клиники и канцеларии на докторите. Компанијата со седиште во Роквил, Мериленд ги увезува тестовите од кинески производител, но извршниот директор Џонатан Коен вели дека неговата компанија самостојно ги потврдила неговите перформанси на  60 пациенти во САД. Тој проценува дека компанијата испорачала 10.000 тестови и морала да ги ограничи нарачките поради големата побарувачка.Тој  смета дека тестовите со антитела „не се лек, но не се ни ѓубре“.Коен ги нарече „алатка во алатникот што ќе има одредена вредност заедно со другите тестови“.Тестот на компанијата е регистриран на веб-страницата на ФДА и ги вклучува сите потребни одрекувања.

До денес, ФДА има одобрено само еден тест за антитела COVID-19 од компанијата за дијагностика во Северна Каролина, „Селекс“. Агенцијата ги искористи своите овластувања за итни случаи, што значи дека сè уште е потребен официјален преглед на тестот.Белата куќа исто така се обиде да ги смири очекувањата за тестовите, ветувајќи дека  ќе бидат достапни милиони.

Д-р Брет Џироар, федерален службеник за здравство кој го надгледува американското тестирање, пред една недела изјави дека ФДА и другите агенции работат на потврдување на точноста на тестовите за антитела.

„Ќе бидеме многу внимателни  се додека не бидеме сигурни дека, кога ќе ви кажеме дека сте веројатно имуни од болеста, тестот навистина го кажува тоа“, рече тој.