Бројот на заразени во Србија расте, денеска нови 325, осум починаа


Во последните 24 часа во Србија од Ковид-19 починаа осум пациенти, а регистрирани се нови 325 случаи на заразени од корона вирус

Во моментот на респиратор се 86 пациенти.

Вчера беше најтрагичниот ден во Србија кога починаа 11 пациенти, пренесува „Блиц“. Во меѓувреме ширум земјата во десетина градови вклучително и Белград воведена е вонредна состојба, а има и нови рестрикртивни мерки. Во функција се неколку привремени и полски болници.

Најтешка е состојбата во главниот град, каде се регистрирани дури 80 отсто од новозаразените.

Денеска беа тестирани  7.434 , а вкупно 434,415. Активни се 2.347, а починаа 306 пациенти.