Бројот на заразени од корона вирусот надмина 36 милиони лица, починаа над еден милион
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.166.237 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.056.504 пациенти, а оздравеле 27.223.993 луѓе.
Софија – Рекорден број нови случаи на коронавирус – 436 се регистрирани во Бугарија во последните 24 часа, а уште осум починаа, според официјалните податоци.
Од почетокот на пандемијата, заразени се 22.306 лица, а починале 862 лица.
Бројот на случаи на коронавирус започна да расте кон крајот на септември.
Приштина – Тројца починати, 49 заразени и 92 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во Косово. Според официјалните статистики на здравствените власти во Приштина, од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 638 смртни случаи, 15.938 заразени и 14.143 лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни носители на коронавирусот моментно изнесува 1.157. Вчера се извршени 509, а од почетокот на пандемијата 71.865 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 407 случаи на Ковид-19 , а од коронавирусот починаа уште четири лица. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 20.947 лица, а починаа 420 лица.
Никозија – Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19 од 2.095 направени тестови, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.876 лица.
Регистриран е уште еден смртен случај од Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, почина 31 лице позитивно на коронавирусот, а кај 24 од нив Ковид-19 бил причината за смртта.
Љубљана – Во изминатите 24 часа, во Словенија е забележан нов дневен рекорд за бројот на новоинфицирани со коронавирус, кој изнесува 356, според податоците на веб-страницата covid-19.sledilnik.org.
Вкупниот број на заразени сега го надмина бројот од 7.000 и изнесува 7.120, а во болниците има рекорден број пациенти – 122, објави СТА.
Денеска беа тестирани рекордни 3.998 лица.
Будимпешта – Во Унгарија, 24 лица починаа во последните 24 часа, додека бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 816, покажуваат најновите податоци на веб-страницата koronavirus.gov.hu.
Вкупно се заразени 33.114 лица, а 877 починаа.
Досега се излекуваа повеќе од 9000 луѓе.
Активни се 23.088 случаи, хоспитализирани се 656 лица, а 41 пациент е на респиратор, пренесува агенцијата МТИ, истакнувајќи дека ограничувањата за влез на патници во земјата сè уште се на сила.
Варшава – Полска денеска објави дека се регистрирани рекордни 3.003 нови случаи на коронавирус и дека ова е најлошиот ден од избувнувањето на пандемијата, со починати 75 лица.
Епидемиолошката состојба драстично се влошува во Полска, а Владата размислува за нови ограничувачки мерки за да се избегне целосно затворање на земјата.
Досега, 2.792 лица починаа во Полска, а потврдени се 107.319 случаи на коронавирус.
Цирих – Во Швајцарија денеска се регистрирани 1.077 нови случаи на коронавирус, што е првпат од почетокот на април бројот на новоинфицирани да надмине 1.000, соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на пандемијата, заразени се 57.709 лица.
Уште две лица починаа во последните 24 часа, така што вкупниот број жртви е 1.789.
Џакарта – Во Индонезија денеска се регистрирани 4.538 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 315 714 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во исто време, пријавени се 98 нови смртни случаи.
Досега починале 11 472 лица од ефектите на коронавирусот, највисок во Југоисточна Азија.
Рио де Жанеиро – Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани 41.906 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на заболени лица од 11 септември, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Во соопштението е наведено дека починале 819 лица, со што вкупниот број починати изнесува 147.494.
Њу Делхи – Во Индија, во последните 24 часа се регистрирани 72.049 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е 6,76 милиони, објави Министерството за здравство.
Бројот на пациенти кои починале како резултат на Ковид 19 од почетокот на пандемијата надмина 100.000, со што Индија стана трета земја во светот по бројот на жртви по САД и Бразил.