Бројот на загинати во израелските напади во Газа достигна 220


Според Цивилната заштита во Газа, најмалку 220 лица загинале во израелските воздушни напади во текот на ноќта.

Меѓу загинатите се жени, деца и повозрасни лица, изјави портпаролот на организацијата Махмуд Басал. Во болниците во Кан Јунис биле донесени 103 тела, во градот Газа 70, а останатите жртви биле регистрирани низ различни области во палестинската енклава.

Израелската армија соопшти дека нападите ќе продолжат и дека не се ограничени само на воздушни удари, што може да значи и обновување на копнената офанзива.