Бројот на вработени во индустријата помал за 4,9 отсто, најголем пад во преработувачката


Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври минатата година, е намален за 4,9 проценти, а во периодот јануари – октомври годинава, во споредба со истиот период лани  за 4,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо опаѓање на бројот на вработени по сектори  во октомври годинава во однос на октомври лани има во преработувачката индустрија, каде намалувањето изнесува 5,3 проценти, по што следи секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со опаѓање од 1,6 проценти, а во секторот Рударство и вадење на камен се бележи опаѓање од 0,9  проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври минатата година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,4  проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,03  проценти, Капитални производи за 4,1  процент, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,9  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5 проценти.