Британски парламентарец избоден во црква


Конзервативниот британски пратеник Дејвид Емес избоден е повеќе пати во црква во Велика Британија.

„Скај“ јави дека непознат маж влегол во неговата канцеларија сместена во црква и му задал повеќе убодни рани. Полицијата е на местото на настанот, а околните улици се затворени.

Состојбата на Емес засега е непозната, како и тежината на повредите. Полицијата на Есекс објави дека кусо по настанот напаѓачот е уапсен.

Британскиот пратеник бил на состанок со бирачи, а напаѓачот влетал во црквата и го нападнал. Го избодел Емес неколкупати во канцеларијата во Методистичката црква.

Тој, состанокот со бирачите го најавил на Твитер уште на 12 октомври.