Британците веќе направија резервации за летување, најбарани Грција, Турција и Шпанија


Резервациите за летни одмори скокнаа за 600 проценти оваа година, откако Велика Британија донесе одлука за укинување на рестриктивните мерки, давајќи им надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално годинава.

Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули.

„компанијата Изиџет“ соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле за 300 проценти, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено откако владата вчера најави дека патувањата може да продолжат од средината на мај.