Британците по вакцинацијата ќе добијат Ковид лични карти
Сите Британци по вакцинацијата против корона вирус, ќе добијат Ковид лични карти, кои всушност ќе бидат официјален документ кој потврдува дека се вакцинирани.
На картичките ќе биде испишано името и презимето на примачот. серијата на вакцината која ја примил, како и датумот на имунизација. Картичките ќе служат како потсетник за втората доза вакцина.
Здравствените работници во Велика Британија минатите денови се подготвија за почеток на масовната вакцинација. Првите дози од вакцината развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, Британците ќе ги примат утре, 8 декември.
Вакцинацијата во Велика Британија започнува само седум дена откако оваа земја стана првата која официјално одобри итна употреба на вакцината за корона вирус.
Во првиот бран од вакцинацијата во околу 50 болници ширум Англија ќе бидат вакцинирани луѓето постари од 80 години, здравствените работници кои се под најголем ризик од зараза и персоналот на домовите за згрижување стари лица. Потоа ќе почне вакцинацијата на најранливите пациенти во локалните здравствени центри.
Примателите на вакцината „Фајзер“ ќе добиваат две дози вакцини која се чува на температура од минус 70 степени Целзиусови, и тоа во рок од три недели.
Потсетуваме дека Велика Британија досега нарача 40 милиони дози од вакцината „Фајзер“, што е доволно за вакцинирање на 20 милиони луе, односно третина од популацијата на земјата.