Бремена жена и нејзината мала ќерка спасени од под урнатините по 115 часа


 

Пет дена по првиот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтер кој ги погоди Турција и Сирија во раните утрински часови, уште пристигнуваат приказни за чудесни спасувања од рушевините.

Бремена жена и нејзината мала ќерка извлечени се од под урнатините на зградата во која живееле во Турција, во Газиантеп 115 часа по земјотресот. Исто така, постојат извештаи за спасени луше во подрачјата погодени од земјотресот по 110 часа, меѓу кои и еден тинејџер.

Видео на германската организација за итни случаи наводно покажува како една девојка е жива извлечена од урнатините во Караманамарас откако била заробена повеќе од 110 часа. Турската Фондација за хуманитарна помош исто така, објави идео на кое се гледа како вадат човек од под урнатините и го носат до амбулантното возило.