Босанска лепиња со кајмак:Станете мајстор за тесто со едноставен рецепт


Има ли нешто подобро за појадок од топла лепиња со кајмак? Овој босански специјалитет се прави со месење на тестото и полнење со кајмак и јајца. Се пече во рерна, а состојките може да си ги дозволи секој. Одличен предлог е и кога ви треба мезе за свечена пригода.

Состојки:

300 гр брашно
125 мл млеко
1 јајце
1 лажица масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
10 гр квасец
За полнење:
300 гр кајмак
4 јајца

Подготовка:
Во топлото млеко додадете го изронетиот квасец, шеќерот и една лажица брашно. Соединете и оставете го квасецот да се активира околу 10 минути. Во друг сад измешајте ги јајцето, маслото, солта и убаво измешајте, па додадете го просеаното брашно и активираниот квасец. Се замесува тесто, се покрива со проѕирна фолија и се остава да стаса еден час. Тестото се замесува на набрашнета површина и се развлекува во правоаголник, поголем од плехот. Ставете го во плех и подигнете ги рабовите на тестото. Се покрива и се остава уште 15 минути.Јајцата се матат со кајмакот и се прелива тестото. Се пече во загреана рерна околу 30 минути на 200°C.