Борисов се соблекол и му го дал своето палто на работник на автопат


Бугарскиот премиер Бојко Борисов направи неочекуван популистички гест. Додека правеше увид на работите на еден автопат тој му го подари палтото на еден работник, кој е еден од повеќето што го градат автопатот без слободен ден. 

При увидот, работникот го пофали Борисов за неговата убава јакна, а премиерот ја соблече и му ја даде.

„Ви ја оставам и  запалката, само дозволете ми да ја земам маската за да не ме казнат“, рече Борисов прегрнувајќи го работникот кој заплакал на гестот на премиерот.