Борисов прогласи победа, ќе преговара за влада со сите освен “Преродба“


„ГЕРБ е јасен победник на овие избори. Сите се потенцијални партнери освен „Преродба“. Ќе владеам со секој кој ја поддржува нашата програма“ –  изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва.

Според него, победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна и се обврзале  да формираат влада.

„Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот“, изјави лидерот на ГЕРБ.

Тој рече дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови.

„Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада“, предупреди Борисов.

Борисов нагласи дека со оваа поголема излезност на гласачите може посмирено да се зборува за легитимноста на новиот парламент.

На прашањето кои се потенцијалните партнери на ГЕРБ, Борисов рече: „Ќе владеам со секој кој ја поддржува нашата програма“. Сите се потенцијални партнери освен “Преродба“.

Во 51. Национално собрание ќе влезат осум формации, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, направено со 90%.

ГЕРБ-СДС продолжува да води со повеќе од 10 проценти разлика. Во вториот има промена – засега „Вазраждане“ е пред ПП-ДБ со 2 процентни поени. „ДПС – Нов почеток“ и „Aлијанса за права и слободи“ се рангирани на четврто и петто место со разлика помала од процент. По нив се БСП и „Има таков народ“.

ГЕРБ-СДС – 25%
ПП-ДБ – 14,2%
„Преродба“ – 14%
„ДПС – Нов почеток“ – 10,3%
Алијанса за права и слободи – 8,6%
„БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто
„Има таков народ“ – 6,9%
МЕЧ – 4,8%