Борис Џонсон: Нетанјаху стави уреди за прислушкување во тоалетот во МНР на Британија


Борис Џонсон тврди дека нашол уред за прислушкување во неговото купатило во британското Министерство за надворешни работи, откако го користел израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Поранешниот премиер на Велика Британија нагласи дека неговиот тим за безбедност пронашол мини уреди за прислушкуавње во тоалетите откако Нетанјаху ги користел објектите, пренесува Политико.

Двајцата се запознаа во 2017 година кога Борис Џонсон беше британски министер за надворешни работи.

Тврдењето е дадено во мемоарите на Џонсон, Unleashed, кои ќе бидат објавени на 10 октомври. Извадоци беа споделени со весникот Дејли Телеграф.

„Тоа е местото каде што Биби помина извесно време, и можеби е или не случајно, но ми кажаа дека подоцна, кога редовно ги чистеле  нашле уред за прислушкување во громобранот“, пишува Џонсон.

Политико објави во 2019 година дека американската влада верува дека Израел е одговорен за поставување уреди за надзор на мобилни телефони во близина на Белата куќа и други чувствителни локации околу Вашингтон.

Мемоарите на Џонсон ја разбрануваа јавноста во Лондон уште пред нивното објавување.

Поранешниот премиер, кој беше сменет од неговата партија во 2022 година, откри детали за здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора во нејзината последна година и го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека се обидува да го „казни“ Лондон за напуштањето на ЕУ.