Борел: Ситуацијата на Балканот не е добра, во БиХ има тенденции за подривање на единството
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел се осврна на денешниот состанок на шефови на дипломатии на земјите од Европската унија и порача дека на состанокот ќе се разговара и за политичката ситуација во Босна и Херцеговина.
Борел нагласи дека во текот на состанокот пред сѐ ќе се разговара за состојбата во белорусија и хуманитарната криза на границите со Полска, Литванија и Белорусија.
„Ќе прегледаме цел сет пробленми, пред сѐ во Белорусија. Разговарав со колегите од Белорусија, Литванија, Полска, но и со генералниот секретар на ОН. Поделивме размислувања за тоа како се одвива ситуацијата на терен. За Белорусија реков дека ситуацијата е неприфатлива и дека мора да размислуваме како да го решиме проблемот, предсѐ да ги сопреме летовите. Тоа е речиси завршено“, рече Борел.
Порача дека денеска на состанокот ќе разговараат за санкциите кон Белорусија.
„Санкциите секогаш се добри. Денеска ќе предложиме нов пакет санкции кон Белорусија, кон авиокомпаниите како и кон сите кои на кои и да е начин се вклучени во префрлање на мигранитите на нашите источни граници“, порача Борел.
Потоа, се осврна на состојбата на Западен Балкан и порача дека ситуацијата е загрижувачка особено во Босна и Херцеговина.
„Во текот на седницата ќе разговараме и за ситуацијата на Западен Балкан, пред сѐ за БиХ. Постојат тенденции кои го подриваат единството на оваа држава и го нарушуваат нејзиниот пат кон ЕУ . Исто така, ќе разговараме за дијалогот меѓу Приштина и Белград, но и општо за овој регион. Ситуацијата на Западен Балкан не е добра“, додаде тој.