Болсонаро повторно опериран

Бразилија – Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска е подложен на дополнителна операција на абдоменот поради силни болки, објави болницата во главниот град Бразилија, јави ДПА.
Болницата DF Star соопшти дека адхезиите во неговото тенко црево биле отстранети за време на операцијата.
На поранешниот шеф на државата лекарите претходно му дијагностицираа опструкција на дебелото црево, потестува германската агенција.
За време на изборната кампања во септември 2018 година, маж го прободе Болсонаро со нож во стомакот, тешко повредувајќи го, а оттогаш 70-годишниот политичар имаше неколку операции.
Екстремно десничарскиот поранешен претседател во моментов се соочува со обвиненија за планирање државен удар против владата на неговиот наследник Луис Инасио Лула да Силва, по неговиот изборен пораз во октомври 2022 година.
Врховниот суд на Бразил минатиот месец ги одобри обвиненијата против Болсонаро и седум други осомничени. Доколку биде прогласен за виновен, Болсонаро може да се соочи со неколкугодишна затворска казна.