Боки 13 на петта операција


Водителот и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13, повторно оди на операција, пишуваат македонските портали.

– Да, тој е примен на клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липом, последица на претходни операции и се изведува на Државната клиника – истакнува Јовановска.

Ова е негова петта операција. Шоуменот уште во 2019 направи операција за стеснување на желудникот и симна килограми, но во затворски услови состојбата постојано му се влошуваше.

– Секоја операција си носи свој ризик со оглед на тоа што Бојан досега е опериран четири пати. За жал нема подобрување на неговата здравствена состојба, по оваа операција ќе мора соодветно да се лекува. Закрепнувањето ќе продолжи со оглед на тоа што лекарските препораки тоа го налагаат – додава Јовановска за „Скопје 1“.

Боки 13 беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи наводно уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.

Јовановски, лани, во декември, беше пуштен од затворот „Идризово“ во Скопје по четири години затвор.