Бојан Јовановски му нудел на Камчев државни субвенци за изградба на старечки домови


Фото: Б. Грданоски

Обвинетиот Бојан Јовановски, на Јордан Камчев, му нудил да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата.

– Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра, рече Камчев на денешното сведочење во Кривичниот суд за „Меѓународен сојуз“. Тој додаде дека од тимот на Бојан, му биле презентирани копи пејст бројки, и истите ги дал за анализа на неговите директори.

Сведокот Јордан Камчев, посочи дека на сметка на 1ТВ платил 300 илјади евра, за два договори. Овие средства Камчев, рече дека ги уплатил како рекет.

Во однос на улогата на обвинетата Јасна Мандиќ, сведокот Камчев, истакна дека таа била само пошта и дека истата не учествувале во разговорите меѓу него и обвинетиот Бојан Јовановски. 

– Има една невообичаена ситуација. Предлагате сведок кој не е сослушан во истрагата. Користите исказ кој не е даден за овој слуај. Дополнително, неколкупати сведокот сам ви вели дека не е кредибилен – рече адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по рочиштето.

Тој појасни дека не му е јасно како може некој да биде условуван да гради на земјиште, парцели кои не се во државна, туку во приватна сопственост. Вели дека не разбира, како може државата, државни службеници да влијаат врз одлука за градење на приватна парцела.