Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ на чело на Советот на Битола
Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници за, 11 беа против, и двјаца воздржани. „Дискусијата во Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети”, рече Бојкоски.
Ова е втор мандат на Бојкоски во Советот, тој претходно беше координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и еден од најактивните советници на. говорницата.