Бочварски: Ја унапредуваме регионалната поврзаност во инфраструктурата


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек со кого  разговарале за примената на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција на нашата држава во европските структури.

Министерот Благој Бочварски го потенцирал значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридор 8 и 10 како дел од Панверопските коридори.

-На средбата отворивме и дел од прашањата за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот. Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата. Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европската транспортна фамилија и ќе ја надополни политиката на проширување на заедницата, изјави Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски изразил благодарност за континуираната поддршка за ероинтеграцискити процеси на Република Северна Македонија.