Битолчанка измамена од лажен американски војник за 10.000 евра


Шеесетгодишна жена од Битола вчера пријавилa дека била измамена од лице за сума од 10.000 евра.

„Пред околу четири месеци на фејсбук жената стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата“, информираат од МВР.

Лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.