Битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси бугарско семејство да не се удави во Егејско Море


Битолчанецот Михаил Николовски (15), ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ е момчето кое влезе во Егејско Море и помогна да се спаси семејство (мајка, татко и нивното дете) од Бугарија.

Драмата се одвивала на плажата во Олимпијада, Грција, каде тричлено семејство од Бугарија се нашло во опасност откако силните бранови ги однеле подалеку во морето.

Во критичниот момент Николовски без двоумење влегол во разбрануваното море за да им помогне.

Според сведоштвото на неговото семејство, Михаил најпрво успеал да ја извлече жената, потоа детето, а на крај и таткото, со што целото семејство било безбедно извлечено од водата.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле битолчанецот со силен аплауз.