Битолчанец загина во сообраќајка на патот Охрид- Св.Наум


 

Ноќеска околу 1.40 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.